Казни од 150 евра за 11 пушачи од Гостивар
По спроведените акциски контроли за пушење во затворени објекти, 11 лица од Гостивар треба да платат 150 евра казна за непочитување на законот за пушење.
Акцијата се одвивала во период три часа, вчера попладне и со неа биле опфатени угостителски објекти по најпрометните улици низ градот. Прекршителите ќе се соочат со глоби во висина од 150 евра, додека за правните лица кде биле затекнати, предвидени се глоби од 2.000 до 4.500 евра во денарска противредност.
05.02.2014 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа