Ѓоковиќ: Сакав да се откажам од тенисот!

Во гостувањето во една телевизиска емисија српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ откри дека неговите фанови му ја даваат силата да успее во тениската игра,и дека во 2010 размислувал да се откаже од тенисот.

„На почетокот на 2010 година сакав да го оставам тенисот. Дојдов во фазата кога ги доведував во прашање своите способности, квалитетот и можноста да стигнам до првото место на светот. Знаев дека морам да ги победам Рафа и Роџер, го освоив Вимблдон, тоа ми беше главна цел“, рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ додаде  дека до крајот на кариерата ќе се обиде да освои што е можно повеќе Гренд слем титули, бидејќи „оној кој најмногу освојува Гренд слем титули, остава и најдлабока трага во тениската историја.“

05.02.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега