Македонски пратеници на молитвен појадок во Вашингтон
Собраниска делегација на чело со потпретседателката на македонското Собрание, Сузана Салиу, од утре до 7. февруари ќе учествува на молитвениот појадок во Вашингтон. Во состав на делегацијата се и пратениците Силвана Бонева, Владимир Ѓорчев и Андреј Петров.
Секоја година членовите на Конгресот и претседателот на САД, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се молат и да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.
Молитвениот појадок во Вашингтон е традиционален, национален американски собир што се организира по 62. пат, каде еден до друг седат разни функционери од целиот свет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа