Македонец фатен со дрога од 3.000 евра - цариниците се “побудалеа“ од работа

 

Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење стока. Еве на што налетаа цариниците:

Амфетамин

 

- околу 1 килограм амфетамин, откриен во соработка со Министерството за внатрешни работи, при контрола на патничко возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. При извршена детална контрола, со помош на царинско куче на автомобилот и личен преглед на патниците-македонски државјани, кај  еден од патниците, на задниот дел од половината е пронајдено 1 пакување наркотична дрога, амфетамин. Во големопродажба на наркопазарите во Европа оваа наркотична дрога би достигнала цена од околу 700 евра, а нејзината малопродажна вредност би изнесувала околу 3000 евра, соопштуваат од македонската Царинска управа.

Против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава поради основано сомневање за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. 

Златен , сребрен накит и легура 

- 1.450 грама легура за изработка на сребро, 7 сребрени прстени и 6 златни недоработени прстени и обетки, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата. Накитот и легурата се пронајдени во џеб од јакната и во торбичка околу вратот на албански државјанин, патник во автобусот, информираат од Царината.

Авто делови и делови за велосипеди

- 1170 парчиња и 650 сета разни автоделови откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од турски државјанин, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата. Непријавената стока  е пронајдена во просторот над задната лева гума во автобусот, а сопственик на стоката бил сопственикот на автобусот, турски државјанин,велат од Царината.  

Во вториот случај биле откриени 650 парчиња амортизери за велосипеди, кои биле скриени во товарно возило со македонска регистрација, управувано од македонски државјанин, пријавен за увозно царинење. Покрај пријавената стока, разни делови за велосипед со потекло од Кина, наменети за фирма-увозник од Струмица, во возилото пронајдена е и непријавената стока.

Текстилна стока, паричници, рачни часовници и обувки

- 94 пара готови текстилни производи и 80 парчиња перници биле откриени во патничко возило со македонска регистрација, управувано од македонски државјанин. Стоката е пронајдена во багажниот простор на возилото и за истата лицето не поседувало никаква документација за потекло на стоката и за платени давачки, информираат од Царината. 

Во вториот случај биле откриени 24 пара обувки и чорапи, 9 парчиња облека, паричници и рачни часовници и 2 сета козметички производи. Стоката ја криел косовски државјанин кој допатувал со лет од Лондон, пријавен за влез во државата. Непријавената стока пронајдена е при детална контрола на личниот багаж на патникот.

Друго

-5.000 грама стоматолошки материјали - метални елементи NICKEL-CHROM REALOY-N+, откриени при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од турски државјанин, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар, пријавен за влез во државата. Стоматолошкиот материјал е пронајден во фиока над возачкото седиште во автобусот, а сопственик на стоката бил возачот на автобусот, велат од Царината.

Цариниците откриле 41 пакетче по 100 парчиња ексцентрична брусна хартија, 3 канти од по 3 литри разредувач за боја, 6 канти боја од по 12 литри и 80 парчиња  хартиена изолир трака со широчина од 2см, скриени во патничко моторно возило со привремени германски регистарски таблички, пријавено за влез во Република Македонија. Стоката била сокриена под предните седишта и во багажниот простор

Во сите случаи непријавената стока е привремено задржана а против сторителот езапочната е соодветна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 240 чанти со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на стока со потекло од Турција, наменета за фирма увозник од Струмица, пријавена за увоз во  државата. 

- 4 мобилни телефони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на поштенски пратки од Сингапур и Кина, наменети за македонски државјани.

Стоката за која постои сомневање дека повредува права на интелектуална сопственост привремено е задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, согласно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.

03.02.2014 - 15:03
Фото: 
novini.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега