Позната причината за смртта на жирафата Орка

 

Жирафата Орка не починала ниту од вродена срцева маана, ниту од неодговорен однос на вработените, туку од воспаление на дванаесетпалачното и тенките црева, предизвикано од Ешерихија коли.

Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митров вели дека веднаш биле повикани да направат испитувања за смрта на Орка, потенцирајќи дека животното претходно не покажувало симптоми на болест. Оваа инфомрација ја потврдуваат и од скопската зоолошка градина, од каде велат дека редовна визита од ветеринар и биолог била извршена само неколку часа пред смртта на жирафата Орка, пренесува Курир.

Од Зоолошката велат дека бактеријата Ешерихија коли не е заразна и не претставува закана за другите животни.

Лицето одговорно за односи со јавност на Зоолошката градина, Даме Кузмановски, вели дека интитуциите и медиумите кои објавувале дезинформации околу причината за смртта на Орка ќе одговаат пред суд.

Надлежните велат и дека Зоолошката градина не била затворена за посетители по смртта на жирафата Орка.

Жирафата Орка умре на 23. јануари во 9 часот изутрина. Орка имаше само 3 и пол години и беше едно од најомилените животни во Зоолошката. Жирафата беше донација од ОРКА Холдинг Скопје.

Скопската зоолошка нема да остане без жирафа бидејќи во изминатиов период, со помош и донација на Фондација Илија Камчев се пристигнати три нови жирафи.

 

 

03.02.2014 - 10:46
Фото: 
е-вести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега