Паднал од тераса местејќи антена - охриѓанец се бори за живот на скопските клиники
36 годишниот охриѓанец М.М. се бори за живот, откако вчера околу 21:40 часот паднал од вториот кат од зграда на улицата „Сатеска“ во Охрид.
Според досегашните информации, охриѓанецот паднал додека ја поправал телевизиската антена. Тој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, од каде, поради сериозните повреди бил пренесен на скопските Клиники.
М.М. се наоѓа во животна опасност.
03.02.2014 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа