Инцидент пред кафеаната "Мома": Хулигани претепале момчиња па демолирале такси-возило
Околу 2 часот по полноќ синоќа такси-возач пријавил дека на улицата „Иво Лола Рибар“ во близна на кафаната „Мома“, четири непознати лица физички биле нападнати од група непознати момчиња.
Како што информира полицијата, сите биле облечени во дуксери, а ги удирале момчињата со тврди предмети по телото. а кога влегле во такси возилото „Рено Лагуна“ почнале со тупаници и клоци да го удираат при што го демолирале.
Таксистот ги однел повредените момчиња во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош. Сега се пуштени на домашно лекување.
Полицијата трага по напаѓачите.
02.02.2014 - 14:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа