На еден 'куп' луѓе им се заканувал со еден куп ножеви - вистинска драма во Струмица

Вчера вечерта струмичанецот Б.Д., вработен во Агенцијата за обезбедување „Никоб“, пријавил во полиција дека додека ги обезбедувал објектите на "Мај маркет", бил физички нападнат од неговиот сограѓанин М.У. Група полициски службеници веднаш пристигнале на местото на настанот.

Малку подоцна, повторно се појавил М.У., кој овој пат се вооружал со  неколку ножеви. При обид да биде легитимиран, бесниот струмичанец со нож замавнувал кон полицајците и обезбедувањето. Струмичанецот С.Т., вработен во Агенцијата за обезбедување, заработил убодна рана во пределот на ногата.

Полицијата успеала да го скроти и приведе бесниот струмичанец.

најчитано сега