Монако и Галатасарај заинтересирани за Горан Пандев

 

Фудбалскиот тим на Монако во својот состав сака да го има македонскиот репрезентативец Горан Пандев, пишува „Кориере дело Спорт“, а веста ја пренесоа речиси сите италијански медиуми.

Според италијанските медиуми тимот на Дмитри Риболовљев планира да земе нови играчи, а меѓу нив на листата е и нашиот Горан Пандев.

Освен Горан Пандев, дел од позвучните имиња кои овој тим сака да ги има се и Радамел Фалкао и Карлос Тевез.

Покрај Монако, според информациите од Италија за услугите на нашиот репрезентативец е заинтересиран и турскиот тим Галатасарај.

ФОТО: Вест