Електронско обележување на земјоделеските парцели во Кочанско

Земјоделците од Кочанско во изминатите три месеци електронски ги обележуваа сопствените парцели докажувајќи го сопственото присуство во фармер регистарот на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.

- Во Подрачната единица на Министерството во Кочани досега се евидентирани 5.000 земјоделци во фармер региостарот, а своето право го искористиле 4.200 земјоделци, изјави Влатко Минов,раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Според Минов, ова е мошне значајно за земјоделците и за нивно пријавување за користење субвенции во 2013 година,со што се намалуваат манипулациите со површините и нивната сопственост. На овој начин, вели Минов, точно се прикажува површината која вистински ја поседуваат и обработуваат земјоделеците од Кочанско.

МИА

ФОТО: Економски.мк

најчитано сега