Владев: Вложуваме во секоја област во Свети Николе, градот доби и нова противпожарна станица
На денешниот настан во организација Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.
Владев посочи дека во градоначалничкиот мандат во општината се инвестира во секое поле без исклучок.
„Општина Свети Николе има вложено во повеќе делови, еден дел од тоа е изградбата на новата противпожарна станица, општина Свети Николе има една од најмодерните противпожарни станици на територијата на Република Македонија“, вели Владев.
Според Владев се инвестира и во инфраструктурата, во најмладите, во културата и слично.
„Доста вложивме во самата инфраструктура, целиот труд на ова општина во овој четиригодишен мандат вложивме во обновувањето на инфраструктурата, најголем дел од нашето време го потрошивме за обезбедување на најосновните услови, доста вложивме и во спортот, направивме четири детски игралишта, направивме во новиот парк нов центар за дружба на младите. Вложуваме и во културата ја поддржуваме традицијата каде што Свети Николе е препознатливо“, кажа Владев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа