Експертите прогнозираат: Предвремените избори ќе го зголемат бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

 

Политичка криза чука на владината стаклена врата. Најавата на ДУИ дека без консензуален кандидат  ќе ја напуштат коалицијата со Груиевски, го става актуелниот премиер пред свршен чин. Експертите оценуваат дека излезот е само еден- избори во април наспроти можносат да се дозволи Ахмети да го избира шефот на државата.

- Консензуален кандидат е всушност друг забор за кандидат кој ќе го избира Ахмети. Се работи за класичен обид за уцена. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го прифати и ќе се оди на предвремени избори, вели за Сител Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје.

Божиновски е во победата на ВМРО ДПМНЕ и на предвремените апрламентарни и на претседателските избори. Очекува по изборната битка бројот на  пратенички столчиња на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот дополнителнод а се зголеми.

- Рејтинзите покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои поголем број на гласови и повеќе мандати од сегашните, дециден е Божиновски.

Екепертите прогнозираат силно незадоволство во редовите на СДСМ по очекуваниот пораз на двојните избори и барање за смена на актуелниот двоец- Заев Шекеринска.

За претседателските избори типуваат на Иванов кој во изминатите 5 години има континуиран раст на рејтингот.

31.01.2014 - 21:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа