Струмичанец го оштетил државниот буџет за 18.134.613 денари

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 37-годишниот Б.М. од Ново Село струмичко, како и против правното лице ДПУТ „Трго Мак-Пром-МБК“ ДООЕЛ за сторено кривично дело „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Во 2010 и 2011 година, правното лице вршело продажба на акцизна стока цигари во значителен износ но во книговодството на фирмата реално не се прикажувала вистинската количина на набавени и продадени цигари. Б.М. во својство на сопственик и управител на правното лице во овој период не пресметал и не платил данок на додадена вредност во износ од 17.841.090 денари, а со неевидентирање на фактури за набавени цигари, како и неевидентирање на прометот за 2011 и 2012 година во книговодството на својата фирма не платил персонален данок во износ од 293.523 денари.

Со ваквите дејствија пријавените го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од 18.134.613 денари.

31.01.2014 - 13:41
Фото: 
фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега