Италијански кардиохирург ќе го предводи тимот во Државната кардиохирургија

 

Италијанскиот кардиохирург Антонино Маруло ќе застане на чело на тимот на кардиохирурзи во новата Државна кардиохирургија.

Маруло досега работел во повеќе светски клиники за кардиохирургија. Тој само во Америка има извршено 4.500 операции, од кои 800 на отворено срце.

Ангажманот на Маруло во Македонија ќе трае околу една година. Тој ќе го предводи тимот кој ќе го сочинуваат уште 7 кардиохирурзи. 

Првата операција се очекува да биде извршена до крајот на месец март.

За Државната кардиохирургија се издвоени 15 милиони денари годишно. Се очекува оваа година да бидат извршени 50 кардиолошки операции. 

31.01.2014 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега