Почина застреланиот маж во Батинци

 


Денеска, околу 10:55 часот, во Градската болница е донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, потврдуваат од Градската болница во врска со пукањето во Батинци. Лекарите велат дека веднаш биле преземени мерки за реанимација, но констатирале дека жртвата веќе била мртва во моментот на приемот, пренесе 
4news.

„Денеска, околу 10:55 часот, во болницата е донесено машко лице, на возраст од 49 години, со две рани во пределот на градниот кош. Веднаш беа преземени мерки за реанимација, но беше констатирано дека тој е веќе починат“, изјавија од Градската болница.


Сè уште не се познати околностите на настанот и причината за раните, додека надлежните органи започнаа истрага. Како што пренесува 4news станува збор за Агим Мухареми од Батинци, припадник на Армијата на Северна Македонија.


 

11.07.2025 - 12:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега