Секретарката на познат фудбалски тим спиела со речиси сите фудбалери
Секретарката Кери Милер спиела со скоро цел тим од англискиот четвртолигаш Бартон Албион, а голманот додека не бил на гол, хонорарно работел како жиголо на девојките кои би платиле за тоа, а понекогаш заработувал и како фото модел.
Четириесет и шест годишната административна вработена им праќала разголени слики на играчите.
Најмалку во 15 наврати таа влегувала во соблекувалната непосредно по туширањето на фудбалерите кое е рутина по завршувањето на натпреварите.
Против неа е покрената тужба за сексуално вознемирување, а потоа во јавноста почнале да стигнуваат и останати бизарни детали.
Кери на судењето признала дека своите фотографии во долната облека ги испратила на 23-годишниот напаѓач Били Киј. Потоа признала и дека имала “повремни односи ” со 29-годишниот Рајан Остин, а на третото сведочење признала дека од септември до декември 2012, била во врска со 28-годишниот голман Стујарт Томилијонсон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа