Француско - македонски бизнис форум во Скопје
Француско - македонски бизнис форум ќе се одржи денеска во Скопје, чија цел е да овозможи контакти меѓу француските и македонските компании, како и размена на искуства.
Форумот ќе се одржи под мотото „Франција како бизнис партнер на Македонија“, а ќе го отвори амбасадорката на оваа земја во Македонија, Лоренс Оер. Се очекува на форумот да се обрати на министерот за странски инвестиции Бил Павлевски.