Куркулас: Грција го почитува идентитетот на земјава

Грчкиот министер за надворешни работи  Димитрис Куркулас во интервју за францускиот весник „Ла Трибун“ на поставеното новинарско прашање дали Грција ќе го искористи претседателството со ЕУ за да ја „деблокира ситуацијата со Македонија и да ја забрза нејзината европска интеграција“,изјавил дека неговата земја дала предлог за сложено име со географска одредница, за да се разликува со истоимениот грчки регион.

- Ние го почитуваме идентитетот на земјата,  но и тие треба да не почитуваат нас. Нашиот став е многу флексибилен, а сепак политичките сили во Скопје не ја користат ваквата отвореност. Токму спротивното, изјави грчкиот заменик министер за надворешни работи.

Куркулас исто така повтори дека Грција „многу позитивно гледа на проширувањето на ЕУ кон  Западен Балкан“ и додаде дека токму неговата земја била „пионер на ова движење во 2003 година“

29.01.2014 - 18:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега