Една година затвор за поранешниот директор на фабриката „Киро Ќучук“

 

Поранешниот директор на велешката фабрика за цигли „Киро Ќучук“, Киро Камчев доби една година казна затвор, но и обврска да врати 67 илјади евра на оштетен доверител.

Според пресудата, обвинетиот продал голема количина цигли која со извршител требало да бидат оттуѓени од фабриката и доделени на прилепската фирма „Центар Б и Ј“ како наплата за долг кој фабриката го имала кон доверителот. Но, Камчев како председател на управниот одбор на фабриката потпишал дека циглите може да се продадат иако имало забрана да располага со нив.

Камчев го извршил кривичното дело во период од речиси две години од 2009 до 2011.

Пресудата се уште не е правосилна. Во меѓувреме против Камчев во Основниот суд во Велес се водат уште неколку постапки.

29.01.2014 - 15:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега