Карпа се сруши на патот Демир Капија - Удово

Пред околу половина час се одронал поголем дел од карпа на автопатот Демир  Капија - Удово, кој зафатил дел од едната коловозна лента.

Раководителот на работната единица на „Македонија пат“ од Неготино, Петар Емшов информира дека екипите се на терен и интензивно работат на отстранување на одронот.

- Од мразот околните карпи на овој патен правец беа стегнати па сега кога огреа сонце дојде до ширење на карпестите делови и нивно одронување. Ние интензивно работиме на нивно отклонување како на овој патен правец, така и на останатите правци од неколкуте општини кои ги покриваме, вели Емшов, пренесува МИА.

Одронот од карпа се наоѓа на 141 километар од Скопје. 

29.01.2014 - 15:35
Фото: 
faktor.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега