Ја побарал за жена а таа го одбила бидејќи пенисот му бил премногу мал

Комичарот Патрик Мут на кошаркарски натпревар ја запросил својата девојка и добил неочекуван негативен одговор, со објаснување дека пенисот му е премал.

Патрик тогаш тргнал во потрага по решение за својот проблем, а сето тоа го овековечил во документарецот UnHung Hero.

„Отсекогаш отворено сум зборувал за својот мал пенис. Овој проект го започнав како услуга за сите мажи“ – рекол Патрик Мут во интервју за Њујорк Пост.

Иако не сакал да ги открие точните димензии на својот пенис, комичарот рекол дека на систематскиот преглед неговата машкост ја сместиле „благо под просекот“.Тој вели дека е свесенза оваа негова мана  но сепак се гордее со својот полов орган. 

Патрик  низ светот  наишол на различни методи за зголемување на својот полов орган.

„На Тајланд присуствував на пракса на закачување на тегови на пенисот. Иако делува лудо, всушност има смисол. Тие го прават тоа веќе илјада години. Нема да ве лажам, кога ми го тргнаа тегот, се чувствував неверојатно“.

„Кога на една девојка прв пат и’ го покажав својот пенис, рече ’Па и не е толку мал’. Јас и’ одговорив дека тоа не е комплимент. Мислам дека после филмот жените имаат толку мали очекувања, што не можам да ги разочарам“ – рекол тој.

29.01.2014 - 12:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега