И подметнал апчиња за абортус за неговата девојка да не дознае дека ја изневерува

 

Момче од Флорида за да сокрие дека ја изневерува својата девојка, и подметнал апчиња за абортус, бидејќи љубовницата ќе го оставела ако знаела за бебето. Се работи за 28-годишниот Џон Велден кој на својата 27-годишна девојка Реми Џо Ли, и дал апчиња за абортус кои пред судот признал дека ги набавил со фалсификување на потписот на својот татко, кој работи како гинеколог.

- Единствено што сега сакам е судот да се однесува кон Џон како тој кон мене додека бев бремена. Го сакав тоа дете повеќе од се на светот, вели Реми низ солзи.

Абортусот се случил по седум месеци врска со обвинетиот. По немилиот настан, Реми веднаш дознала за другата девојка и се јавила и и соопштила што се случило. Велден бил со неа во врска цели пет години, но на Реми и кажал дека расчистил со неа.

Инаку, Џон за делото кое го направил ќе треба да одлежи 14 години затвор.

 

29.01.2014 - 09:33
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега