Просечната нето-плата во ноември 21.054 денари
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2013 година изнесувала 21.054 денари. Во однос на месец ноември 2012 година, нето-платата е зголемена за 0,9 денари.
Зголемувањето се должи, пред сè, на повисокиот износ на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 6,2 проценти, „транспорт и складирање“ за 5,3 проценти и „дејности на здравствена и социјална заштита“ за 3,6 проценти, додека од друга страна намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември во однос на октомври, е забележано во секторите „рударство и вадење камен“ за 8,8 проценти, „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината за 6,3 проценти и „градежништво“ за 4,2 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа