Банката за развој на Советот на Европа и додели заем од 97 милиони евра на Македонија
Банката за равој на Советот на Европа и додели заем на Република Македонија во висина од 97 милиони евра. Како што јавува дописникот на МИА, заемот е доделен по барање на Владата на Република Македонија, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.
Парите треба да послужат за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип, проекти кои ќе го прошират простапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здрастевни установи.
Инаку, заемите од страна на Банката за развој се даваат по многу поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа