Пратениците ќе ја продолжат 82. седница
Пратениците денеска треба да ја продолжат 82. седница со гласање по Предлог–законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во прво читање, за кој пратениците вчеравечер ја исцрпија расправата.
На дневен ред на седницата се и предлог-измените и дополнувањата на законите за вработување и работа на странци, за вработување и осигурување во случај на невработеност, за социјалната заштита, за агенциите за привремени вработувања, за јавните патишта, за градење, предлог-измените на законите за поштенските услуги и за заштита на сведоци (сите во прво читање), како и Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Република Македонија, поднесена од пратениците на опозициските партии во Собранието на РМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа