Се исправија првите ветерници во Македонија

 

Десет од планираните 16 ветерници се поставени на предвидените локации во близината на Богданци. Почетокот на производството на електричната енергија од првиот државен ветерен парк во Македонија се очекува од април. Иако инвеститорот најави дека паркот ќе почне со производство на енергија од почетокот на оваа година, работите се одложија за неколку месеци.

Од ЕЛЕМ најавуваат дека 16-те ветерници од Богданци ќе продуцираат струја за околу 15.000 домаќинства, или вкупно 60.000 граѓани. Поточно, годишното производство на паркот треба да достигне 100 гигават-часа ветерна енергија, што е 2 отсто од годишното производство на струја во Македонија.

27.01.2014 - 12:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега