ДУИ во коалиција со СДСМ? - ВМРО-ДПМНЕ не сака уште еден командант на УЧК

 

Како Струга дефинитивно нема друга. Општината на која и беа потребни три круга за да го избере градскиот татко, сега не може да се одлучи за изгледот на градскиот совет. Кој со кого и за што ќе коалицира? Македонскиот политички блок бара пртеседател на советот,  вработување по рамковен за македонците, но ДПА не ги сака социјал демократите за поддржувачи, зошто токму со Струга ја растурија својата дружба. Со ДУИ се ривали, а советниците на НДП вкупно двајца не ја менуваат ситуацијата. Според познавачите на политичките процеси, тајните договори пред изборите сега им ги поматиле сметките.

Тетово е вториот град кој е на листата без формиран совет. Иако на државно ниво коалицијата им оди без пречки, за ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ очигледно Тетово е жежок костен.  

Математика овде е многу лесна, ако си пружат рака договорот ќе биде успешен. Но ВМРО – ДПМНЕ не сака Хисен Џемаили кој ја потресе јавноста со хашките случаи да седне на претседателското столче, ДУИ тешко се одделува од раководните позции, но партијата веројатно не ска ниту македонец да го раководи градкиот совет. Токму Џелмаили денеска остана без коментар.

Опцијата да се оди на ново гласење е една од можните опции, но неизвесно е дали партии ќе прифатат нов предизвик.

Во Тетово ако не успеее веќе создадената коалиција ќе профункционира старо нова, помеѓу ДУИ и СДСМ. За Струг сите опции се во игра, а тамошниот коалициски совет може да ги открие и тајните предизборни договори.

најчитано сега