Седници на пет собраниски комисии
Во македонското Собрание денеска ќе заседаваат комисиите за економски прашања, за транспорт, врски и екологија, за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција, и двата во второ читање. Предлогот на дневниот ред се дополнува со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправа по Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, во прво читање. На дневен ред на оваа комисија се и Предлог-законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, во прво читање, Предлог-национална програма за железничка инфраструктура 2014 - 2016 и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, во второ читање. Предлогот на дневниот ред се дополнува со Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (Прва фаза) и со Годишна програма за работа на Агенцијата за електронски комуникации за 2014 година.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, во второ читање е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за образование, наука и спорт.
Комисијата за одбрана и безбедност на агендата на седницата го има Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.
Членовите на Законодавно-правната комисија на седницата ќе расправаат по Предлог-законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, Предлог-законот за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, и двата во прво читање, Предлог-националната програма за железничка инфраструктура 2014 - 2016 и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за градење, во второ читање.
Предлогот на дневниот ред се дополнува со Статутарна одлука за изменување на Статутот на Агенцијата за електронски комуникации (Прва фаза).
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа