На роденденот на Тоше промовирана книга за неговиот живот

 

Сите спомени поврзани за него испреплетени во книгата Ова не е крај. На Одбележувањето на 33от роденден на најголемата музичка ѕвезда Тоше Проески беше промовирана книгата во која се опфатени сегементи од неговиот живот, од неговото раѓање и блескавата кариера.Во  280 страници се вметнати  материјалите приложени од семејството Проески , голем број негови пријатели соработници,  обожаватели, пријатели, новинари. Издавач е фондацијата Тоше Проески а проектот е поддржан од Министерството за култура.

На промоцијата беше емитуван и новиот спот за песната Жао ми је.

Ниту хуманитарните активности во чест за него не запираат. Црвениот крст на Град Скопје, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше фан форум клубот организираа целодневна крводарителска акција. Традицијата се негува од 2010 и оттогаш двапати годишно се реализира оваа акција. Споменот за него го негува целиот балкан а по повод одбележувањето на неговиот роденден хумантирани акции и  концерти  ќе се одржат во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во други земји од регионот.

 

 

25.01.2014 - 21:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега