Штип: 80 семејства ќе можат да ги искористат поволностите за откуп на социјалните станови

 

80 семејства од Штип ќе можат да ги искористат поволностите за откуп на социјалните станови наменети за граѓаните со ниски примања. За ова денеска информираше директорот на  Регионалната подружница за Штип, Пробиштип и Свети Николе, Томе Биновски на прес-конференција.

- Цените сега се намалени за околу 30 до 40 проценти, но има различна квадратура на станови. Наши тимови беа во населбата Сењак, каде што се лоцирани становите, со цел да ги информираат станарите, истакна Биновски и додаде дека стан од 60 метри квадратни ќе може да се купи по просечна цена од 27.000 евра или еден метар квадратен ќе чини од 420-450 евра, во зависност од староста на зградата, амортизираноста на станот и местоположбата. Граѓаните кои живеат под кирија во становите кои се во сопственост на јавното претпријатие од Штип, Пробиштип и Свети Николе должат вкупно околу 30 милиони денари за станарина.

Во тек е и постапката за добивање клучеви во новата социјална зграда во населбата Сењак каде треба да се вселат 91 семејство од социјално ранливите групи, самохрани мајки и деца без родители. 

24.01.2014 - 16:15
Фото: 
Фактор.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега