Новитети во наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“
Државна лотарија на Македонија, од денеска ќе постави отворен пункт за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака, на Плоштад Македонија во Скопје на две локации:
1. Во продажниот салон на ТЕХНОМАРКЕТ во Сити Галери ( работно време секој ден освен недела од 9 - 21:00 часот)
2. Пред продажното место ТОЛЛАКС на ул. Македонија ( работно време секој ден од 8 - 24:00 часот)
Граѓаните ковертите со по 20 фискални сметки ( валидни со најран датум од 15.11. 2013та), лист со лични податоци и напишана адреса на приредувачот со напомена За наградна игра Фискална во рака - награда без мака, ќе може да ги оставаат во тек на работното време на горенаведените продажни места, и секако, може да ги оставаат во наменската кутија во зградата на МРТ. За учество во второто извлекување ковертите во наменските кутии може да се оставаат до 26ти 01. 2014та, до 24:00. Ковертиите кои ќе бидат оставени по ова време ќе се земат пред вид за третото извлекување.
Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира на 27.01. 2014та - понеделник со пренос во живо на МРТ1 од 20:00 часот. Главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 - 60.000 денари.
Извлекувања од наградната игра ќе се реализираат секој месец до крајот на 2014та година. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото ( кое ќе се реализира на 30.06. 2014та) и тринаесетото ( кое ќе се реализира на 29.12. 2014та), покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесетото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа