Мајката на Ѓоковиќ: Мојот син пред се е добар човек а тоа е негова најголема победа!
Дијана Ѓоковиќ, мајката на најпознатиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, признава дека никогаш не мислела дека едно од нејзините деца ќе биде тенисер и шампион.
- Моите соништа и соништата на сопругот станаа реалност, иако на почетокот тоа беше невозможна приказна. Отсекогаш сме биле за тоа нашите деца да се занимаваат со спорт, да водат здрав живот, бидејќи спортот од мал те прави квалитетен човек, вели мајата на тенисерот.
Дијана која е мајка на три деца, вели дека отсекогаш сакала да има и ќерка, но таа желба никогаш не и се остварила.
-Среќна сум за Новак. Го гледаат како цар, крал, го гледаат како најсветлата точка во нашиот тунел. Мајка сум му, но сепак му симнувам капа и учам од него. Секој пат ме изненадува колку е широк, полн со интересирања, се надоградува, убаво зборува, само да го допрат им приоѓа... Нашите деца се работливи, добри луѓе и тоа е мојата најголема победа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа