За десет дена ќе се знае од што починала жирафата Орка

Миленикот на посетителите на скопската Зоолошка градина, жирафата Орка, починала синоќа во 9 часот. Како што информираат од скопската Зоолошка градина, надлежните ветеринарни институции биле веднаш известени, а анализите за ненадејната смрт на жирафата ќе бидат готови и соопштени во период од седум до десет дена.

Во соопштението од ЗОО Скопје стои дека Орка не е единствена жирафа во зоолошката градина и дека со донација на Фондација Илија Камчев пристигнати се три нови жирафи кои требало да бидат изненадување за посетителите.

За потсетување, Орка во ЗОО пристигна  во септември 2012 година.

24.01.2014 - 12:39
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега