Го удрило струја и развил очна катаракта „ во форма на ѕвезда"
Четириесет и две годишен маж од Калифорнија разви очна катаракта во форма на ѕвезда после низа струјни удари кои ги доживеал на работа.
Човекот дошол во контакт со струја од 14.000 волти која поминала низ целото негово тело, вклучувајќи го и оптичкиот нерв кој го поврзува мозокот со окото.
Оптичкиот нерв всушност е сличен како и секоја друга жица која спроведува струја, изјави др. Боби Корн од Универзитетот во Калифорнија, кој го лекуваше повредениот.
“Во овој случај, силниот напон поминал низ многу важна „жица“ во човековото тело и предизвика штета” - наведе Корн.
Четири недели после несреќата, докторот го прегледал пациентот кој имал проблеми со видот. После прегледот било утврдено дека тој развил катаракта „која е во форма на ѕвезда“, наведе Корн. Катарактата ги замаглува зениците и така ја намалува видливоста кај пациентот.
И понатаму не се знае зошто катарактата некогаш поприма ѕвездена форма, наведе Корн. Кај животните, ударот на струја предизвикува појава на „балончиња“ во окото кои подоцна формираат ѕвездена форма.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа