Ако ја ожените ќе добиете 100 милиони евра

Хонгкошкиот милијардер и плејбој Сесил Чао, кој безуспешно даваше оглас со примамлива награда за мажот кој ќе успее да ја преобрати неговата ќерка во хетеросексуалец, сега го удвои миразот.

Чао ја зголеми наградата на речиси 100 милиони евра, бидејќи никој од 20.000 регистрирани ергени не успеа да ја убеди неговата ќерка Џиџи да се омажи за него, пишува „Дејли мејл”.

Милијардерот и понатаму тврди дека неговата 34-годишна ќерка не е во брак, иако таа пред две години се ожени со нејзината долгогодишна партнерка Шон Ив.

Џиџи Чао, која е извршен директор во компанијата за развој на недвижен имот на нејзиниот татко и која во слободно време се занимава со пилотирање и е основач на добротворната организација за борба против сиромаштијата „Верата во љубовта“, изјави дека нејзиниот татко сето тоа го има направено од љубов и затоа што е загрижен.

 

 

24.01.2014 - 00:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега