ВИДЕО: Неизмерна љубов- Погледнете како постариот брат се грижи за сестрата инвалид
Понекогаш се што ни е потребно е постар брат кој ќе се грижи за нас. Тоа е случај кај Линдзи Кокран девојче кое е родено со ретка болест. Таа има спинална мускулна атрофија и е обврзана целиот живот да го помине во инвалидска количка.
Но иако е неподвижна Линдзи воопшто не е осамена бидејќи секојдневно нејзиниот постар брат Трентон е покрај неа и се грижи за се што и е потребно.
“Таа е мој најдобар пријател. Би се убил за неа вели Трентон.
"Многу ми е полесно во животот бидејќи покрај себе имам постар брат кој се грижи за мене” додава Линдзи
Минатата година Трентон доби награда за “Прав Херој”која ја доделува радио станицата „K-LOVE“, посветена на вакви позитивни охрабрувачки животни приказни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа