Измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Во попладневниот дел од денешната работа собранието на Македонија на  82. седница со 56 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 17 „против“, како и 11 гласови „за“, 1 „воздржан“ и 4 „против“ од припадниците на помалите етнички заедници го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Како што нагласи министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски измените и дополнувањата на Законот се усогласени со еснафските здруженија на новинарите и со нив се изземаат интернет порталите од оваа легислатива.

Тој појасни дека со измените се предвидува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги административен надзор да има само врз печатените медиуми  и тоа врз три одредби: за импресум, за заштита на малолетни лица од порнографски содржини и за јавност при работењето.

 

Со Предлог законот се додава нов став во кој се вели дека секое ограничување на содржините во медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права.

22.01.2014 - 19:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега