Другарки станаа сестри- мајките им забремениле од ист донатор

 

Михаела Стерн и Емили Напи откриле дека имаат слични интереси, а по одреден период откриле и дека имаат ист татко.

Девојките се запознале како бруцошки на универзитетот во Калифорнија и станале најдобри другарки.  Во една прилика кога се сретнале во кампусот во Њу Орлеанс  девојките сватиле дека и двете настанале со вештачко оплодување а донатор бил еден ист човек.

“Правевме една онлајн анкета, бидејќи и двете бевме заинтересирани за Вол Резиентал. Ги погледнав нејзините одговори и сватив дсека повеќето одговори ни се исти” вели Михаела Стерн.

Во текот на зимскиот распуст Михаела им раскажала на своите родители за својата нова пријателка. Откако ја видела сликата на Емили мајката сватила дека тие се премногу слични и ја замолиле Михаела да го побара од својата другарка телефонскиот број од  донаторот на сперма односно од нејзиниот биолошки татко, и дознале шокантна вест дека всушност Емили и Михаела се полусестри. 

22.01.2014 - 13:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега