Легендарниот Шумахер би можел да остане во вегетативна состојба?

 

Лекарите на седумкратниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, стравуваат дека легендата би можела да остане во вегетативна состојба откако ќе биде разбудена од кома.

Според најновите информации, лекарите стравуваат дека би можела да се оствари и оваа црна прогноза, а од друга страна семејството на Шумахер е убедено дека тој ја добие и оваа трака бидејќи како што велат одсекогаш бил борец.

Инаку, Шумахер е во кома од 29 декември, а состојбата засега му е стабилна. Пред неколку денови беше пронајдена и неговата среќна амајлија за која се верува дека му го спасила животот два пати, па семејтвото се надева дека таа ќе му помогне и во оваа битка.

22.01.2014 - 13:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега