Богата седница на Советот на Ѓорче Петров

На својата петнаесетта седницата на Советот на Општина Ѓорче Петров беа разгледани единаесет точки од дневниот ред.Едногласно беа усвоени четири нацрт детални урбанистички планови кои се од големо значење за потребите на граѓаните на Општината, информираат денеска од Ѓорче Петров.                                                                                                                                  

Советниците едногласно се сложија да ја донесат и одлуката за доделување на финансиски сретства на Фк „ Македонија“  кој  денес настапува во првата Македонска фудбалска лига .  

-Донесена беше и одлуката за Предлог-Буџетски календар, предлог-измена и дополна на Програмата за комунални дејности за 2014, Предлог-Одлука за измена на распоредот на сретства во Буџетот на Општина Ѓорче Петров, Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2014 година како и предлог-одлуката за методологија за утврдување критериуми за распределба на блок дотација на основните училишта на Општина Ѓорче Петров за 2014 година, соопштуваат од Општината.

22.01.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега