Фазлиу седнува на обвинителна клупа - почнува судењето за пожарот во Македонски пошти
Почнува судењето на шефот на кабинетот на генералниот диретор на Македонска Пошта, Арменд Фазлиу, кој е обвинет за пожарот кој се случи на 15. јануари минатата година во дирекцијата на Поштата во центарот на Скопје.
Според Скопското јавно обвинителство, причина за пожарот бил човечки фактор. Огнената стихија започнала на 15. јануари околу 16:30 часот, најверојатно од канцеларијата на Фазлиу, сместена на првиот кат. Во судската постапка треба да се утврди дали пожарот бил подметнат или се должи на небрежност на обвинетиот.
Фазлиу беше уапсен во октомври 2013, а истрагата за пожарот траеше една година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа