„Пајакот“ вчера однесе 89 автомобили - скопјани внимавајте каде паркирате

Изминатото деноноќие во Скопје се случиле 11 сообраќајни несреќи од кои седум поминале со материјална штета, додека во четири од нив, неколку лица завршиле со телесни повреди. 

Исто така, сообраќајната полиција, во текот на вчерашниот ден спроведе контрола на брзината на движење на возилата и исто така презеде мерки по потешките прекршоци при што во оваа насока се санкционирани 22 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив петмина возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани се и деветмина возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај. 

Пајакот отстранил  89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

22.01.2014 - 10:07
Фото: 
коли.ком.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега