Градоначалничката на Кисела Вода даде отчет за сработеното

Градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ се пофали со сработеното. Во општина Кисела Вода за помалку од една година се реализирани повеќе од 40 проекти од инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита, комуналните дејности..

Дел од реализираните проекти се нов водовод во Пинтија, подобрена водоводна мрежа во месноста Порупи во Драчево, фекална и атмосферска канализација за повеќе улици. Санирани се ударните дупки, реконструирани се повеќе од 70 сервисни и станбени улици во сите месни и урбани заедници, изградени се тротоари, поплочени се улици и јавни паркиралишта, исчистени се отворените канали во општината.

- За жителите на Усје, Расадник, Пржино, селото и населбата Драчево се изградија пет нови детски игралишта, опремени со сите спортски реквизити и дополнителна урбана опрема. Дел од нив се инвестиција на општина Кисела Вода, а дел се донации од компанијата Цементарница Усје – Титан, рече Беличанец-Алексиќ.

Беличанец-Алексиќ информира дека реконструирани се градинката „8-ми Март“ во Пржино и подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во населбата Припор. 

- Првпат почнавме со доделување ваучери за еднократна парична помош на семејствата со новороденчиња од оваа општина, рече Беличанец-Алексиќ. 

21.01.2014 - 13:40
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега