Пајакот повторно направил "парче" низ Скопје

За едно деноноќие во Скопје се случиле вкупно 12 сообраќајни несреќи, од кои шест поминале само со материјална штета, додека во останатите шест, петмина патници се здобиле со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден, сообраќајната полиција открила поголем број прекршоци. Откриени и санкционирани се шестмина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, седуммина возачи кои непрописно се престроиле и десетмина возачи кои ги паркирале своите возила на пешачките премини и во зона на крстосница. Казнети се и четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај и петмина возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со специјалното возило „пајак“ се отстранети 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

21.01.2014 - 11:07
Фото: 
Скопјеинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега