Почина легендата од скопски ГТЦ

 

Боби повеќе не е меѓу нас. Музичарот кој на својот репертоар имаше нумери на домашните и странските изведувачи, почина на 42 годишна возраст.

Во младоста членувал во групата „Катанга“. Музиката отсекогаш била неговата најголема љубов. Не се оженил никогаш, а имало период кога сакал да се замонаши, но во разговор со еден медиум изјавил дека не можел да се откаже од жените, па затоа идејата за замонашување пропаднала, пишува Пулс24

Многупати добивал бакшиш и поддршка од неговите колеги кои движејќи се во трговскиот центар застанувале да го слушнат. Најредовни биле Владо Јаневски, Росана, Џокси, Боки 13, Зафир Хаџиманов, Петар Ренџов, Венко Серафимов.

Лесна ти земја, пријателе. Ќе недостасува звукот на твоите песни кои се ширеа низ Градскиот трговски центар

20.01.2014 - 23:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега