Ниту Меси, ниту Роналдо- Нејмар е најплатениот фудбалер во светот

Според шпанскиот весник El mundo Deportivo, Барселона за бразилскиот репрезентативец Нејмар платила 95 милиони евра, а не 57 милиони како што беше првично објавено. Доколку се точни овие тврдења Нејмар би бил најскапиот фудбалер на планетата.

 "Барселона за потписот на Нејмар плати 95 милиони евра, а не 57 милиони колку што првично објави претседателот Сандро Росел.", стои во весникот El Mundo Deportivo.

Договорот кој Каталонците го потпишаа со бразилската ѕвезда, а во кој е наведена и вредноста на трансферот, моментално се наоѓа во рацете на шпанските правосудни органи. Според шпанскиот весник во договорот детално се прикажани податоците за милионските износи кои се наменети за семејството на Нејмар, кои до сега не беа познати.

Вака би изгледала листата на најскапите трансфери во историјата на фудбалот доколку се потврди дека Нејмар бил платен 95 милиони.

1. Нејмар (Сантос-Барселона) 95 милиони евра

2. Роналдо (Манчестер Јунајтед-Реал Мадрид) 94 милиони евра

3. Герет Бејл (Тотенхем-Реал Мадрид) 91,5 милиони евра.

20.01.2014 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега