Груевски пред синдикатите: Работиме на подобрување на условите на вработените во здравството

 

Премиерот Никола Груевски денеска пред синдикатите истакна дека Владтаа превзема напори за подобрување на условите на вработените во здравството. 

- Силно сме фокусирани на здравството. По обезбедување најсовремена опрема и апарати во вредност од над 100 милиони евра и со реновирање и изградба на нови здравствени капацитети, исто така во вредност од над 100 милиони евра, интензивно работиме на подобрување на условите на вработените во здравството, преку инвестирање во нивниот капацитет, подобри и поправични примања, но и сериозни можности за континуирано стекнување на нови знаења на медицинските лица, истакна премиерот.

Како посебно значајно во оваа реформа тој го истакна донесениот Анекс на Колективниот договор, во соработка со репрезентативниот синдикат. - Најважна придобивка е корекцијата на коефициентите на докторите специјалисти заради овозможување на постигнување на соодносот од 2:1, кој е минимален стандард секаде во светот во однос на медицинските сестри, а кој беше нарушен во претходниот период со претходна корекција на коефициентите на другиот персонал кој работи во здравствените установи, рече Груевски.

Груевски потсети на корекција на коефициентите од 19,2 отсто за лекарите-специјалисти со одредена динамика.

- Станува збор за околу 7.600 денари зголемување на бруто или околу 5.200 денари нето основна плата, што значи дека и додатоците се пресметуваат на повисоката плата и до овој момент реализирани се 9,6 отсто или 50 отсто од предвидената корекција која ќе биде комплетна со мајската плата во 2014 година, рече Груевски.

20.01.2014 - 14:41
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега