ВИДЕО: Го барам човекот кој ми помогна кога сакав да се самоубијам
Момчето Џони Бенџамин пред шест години дознал дека боледува од тешка болест па решил да скокне од мостот Ватерло во Лондон. Пред Џони да скокне му се приближил некој непознат човек и успеал да го убеди да се симне од мостот.
“Тој ме замоли да не го сторам тоа. Ми кажа дека сè може да се надмине и дека работите на крајот ќе бидат подобри.”, вели Бенџамин БиБиСи.
По цели шест години момчето решило да го пронајде својот спасител и да му се заблогодари што го спасил од ужасната намера.
20.01.2014 - 14:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа