Самсоненко го купи ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар е целосно превземен од страна на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, откако ги откупи акциите на денешното јавно отворање на понудите во Град Скопје. Русинот беше и единствен понудувач за купување, пренесува Македонски Спорт. 

Русинот ги исполни сите критериуми на јавното наддавање. Тој достави банковна гаранција од 3000 евра, и гаранција за вложување во клубот на годишно ниво по 1,5 милиони евра во наредните десет години.

Математиката излегува дека Самсоненко во наредните десет години ќе треба да вложи минимум 15 милиони евра во тимот на црвено-црните. 
Со овие пари се очекува да пристигнат силни засилувања, првенствено од Македонија, а потоа и од странски земји. Вардар е веќе доминантен во македонското првенство, но сега со овии инвестиции се очекува да биде и успешна европска приказна.  

Инаку, Сергеј Самсоненко е финансиер на ЖРК Вардар СЦБТ и РК Вардар, што значи дека со влегувањето во ФК Вардар „црвено-црното“ семејство е обединето и ќе биде под капата на еден спонзор.

Доколку се суди според женскиот и машкиот ракометен тим и вложувањата во овие тимови, треба да се очекува наскоро целосна реконструкција на фудбалскиот тим Вардар со звучни засилувања.

20.01.2014 - 13:13
Фото: 
Алфа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега