Македонските наставници ќе одат во странство - Владата подготвува фонд за размена на наставнички кадар

 

Македонската Влада подготвува фонд за периодична размена на наставнички кадар со странски земји, со што во претстојниот период ќе покаже силна грижа кон наставниот кадар.

Ова го најави премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред претставници на синдикатите во Домот на АРМ. 

- Наскоро Владата ќе излезе со стипендии за наставници кои ќе се запишат на најдобрите топ 200 универзитети во светот. Додека таму се образуваат, нивниот работодавец е задолжен овде да им го чува работното место. Наскоро ќе започне и ќе биде објавена многу важна реформа. Македонските училишта ќе имаат соработка со училишта од други земји за размена на наставен кадар, рече Груевски.

Според Груевски, реформата за педагошките факултети ќе биде стимулирачка и мотивирачка за учениците да се запишуваат на овие факултети.

Груевски најави и почеток на соодветна кампања за подигнување на свеста кај децата и кај родителите за значењето на учителите.

20.01.2014 - 12:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега